Измешајте ги сите суви состојки со брашното. Додадете го маргаринот и истријте го тестото до ронливост. Потоа додадете ги течните состојки и измесете глатко тесто. Покријте го и оставете го во фрижидер најмалку половина час.

Расукајте го на работната маса и со чаша со поголем дијаметар сечете кругови, а со мало ракиено сечете во средината.

Премачкајте го со жолчката измешана со млекото и одозгора оболно посипете ги со сусам.
Ако сакате повеќе сусам тогаш истото направете го од двете страни.

Освен да вадите форми со расукување, исто така можи да кините делови од тестото, да ги сучите низ двете дланки во валјаче и истото да го споите како ѓеврече.
Печете на 200 сепени во загреана рерна, додека не заруменат.

Забелешка- симидите се неутрални на вкус. Оние кои ги пробаа рекоа дека им се допаѓаат така. За мој вкус, покрај аромата на махлепот, чинам дека треба да е поодерено благо или солено, а следна прилика лично јас би додала најмалку уште една лажица шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани