Ова се мафини кои ги изработив за роденденот на мојата внука. Обично не сакам да декорирам и поважен ми е вкусот од изгледот, но овој пат малку се потрудив и да е вкусно и да изгледа убаво. Децата беа пресреќни и сите мафини први летнаа од масата.
Големина на шољата е 200 мл.

Се матат јајцата со шеќерот, се додава маслото, млекото, ванилата, содата, прашокот за пециво. Се додава брашното и се меша полека.

Калапот за мафини се намрсува или ставете хартиени корпиња и наполнете ги калапите околу 2/3. Додадете го кршеното чоколадо на средина.

Печете на 200 степени околу 20 минути во претходно загреана рерна.

Откако ќе се испечат и оладат, растопете го чоколадото со маргаринот и малку масло и секој мафин макнете го во чоколадото. Посипете одозгора по желба трошки или нешто друго за декорација.

Од оваа доза добив 3 плеха по 12 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови