Брашното од хељда во последно време го користам многу често. Овие мафини се еден од експериментите кои ги правам со него и кој се покажа доста успешен.
Ја уклучуваме напрво рерната на 200 степени да се загрее додека ја подготвуваме смесата за овие превкусни здрави мафини.
Започнуваме со матење со миксер на јајцата, па откако добро ќе се изматат ти додаваме сите суви состојки, ( брашното од хељда, презлата, прашокот за печиво, солта, зачини по желба, и исто така јогуртот. Кратко време матиме со миксер за потоа откако ќе го додадеме сирењето и спанаќот да продолжиме да мешаме со лажица. Јас во овој случај немав свеж спанаќ, користев замрзнат кој го изблендирав претходно, но ако користите свеж мора да го обарите претходно. Откако ќе добиеме хомогена смена, ги полниме претходно намрсените калапчиња за мафини, одгоре ставаме семки од тиква и ги ставаме да се печат околу 25 минути во претходно загреаната рерна.
Уживајте додека ги јадете со јогурт или сирење...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови