Еве едни вкусни мафинчиња на зададената тема.

Најпрво се лупат и рендаат тиквичките. Се посолуваат со едно лажиче сол и се оставаат некои 15-20 мин., да ја пуштат течноста. Потоа добро се цедат.

Кромидот ситно се сечка.

Со вилушка, лесно се разматуваат јајцата, им се додаваат зачините, па тиквичките, кромидот, маслото и на крај брашното помешано со пецивото.
Убаво се изедначува.

Се полни претходно намрсена и поросена со сусам, форма за мафини.Се турва по 2/3 од вдлабнатинките.

Се ставаат да се печат во загреана рерна додека убаво поруменат, некаде околу 30 мин., на 180 степени.

Да одморат малку во калапот, па се вадат.

Се оставаат убаво да изладат, па се пресекуваат и премачкуваат со филчето.

За намазот се меша крем сирењето со киселата павлака.

Нека отстојат малку во фрижидер покриени со фолија за свежо, да се стегни малку намазот и се послужуваат.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани