Тиквата добро е да биде сварена претходно за да биде изладено пирето. Може да се иситни во блендер или со гмечалка за компир-пире.
Во еден сад се мешаат сувите состојки а во друг јајцата со маслото и шеќерот се маткаат со жица за матење.
Се додаваат сувите состојки кај смесата со јајца. Јас печев во силиконски калапи за мафини претходно обложени со хартиени модли. Модлите се полнат 2/3. Се печат на 180 степени во претходно загреана рерна.
* Мотивацијата за мафините беше изминатата Ноќ на вештерките, американците мешавината на овие зачини ја викаат зачин за пита од тиква и навистина е нешто несекојдневно во мирис и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови