Во длабок сад се ставаат јајцето, брашното, сецканата туна заедно со маслото што го содржи, пецивото и ладното млеко и се заедно се меша убаво да се добие хомогена смеса.
Во хартиени корпи за мафини се става до половина од смесата и се печат во загреана рерна на 170 степени додека добијат убава румена боја а потоа се вадат и се оставаат да се изладат.
За подготовка на филот најпрво на маслинките им се вадат семките и се стваат во длабок сад, потоа се додава туната исецедена од масло, путерот и мајонезот, се посолува по вкус и со блендер се прави убав намаз.
Врз секој изладен мафин се става од филот и се декорира со парче маслинка, парче лута пиперка и малку сув магдонос.
На здравје !!
Највкусни се ако постојат 2-3 часа меѓутоа и веднаш може да се јадат.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови