Користена е чаша од 200 мл

Во сад ги соединуваме сите суви состојки, брашно, пециво, мак, рендана кора од лимон, брусница, некое зрно сол и гриз. Промешуваме и оставаме на страна.
Во еден сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме се додека смесата не побели.
Со исклучен миксер ги додаваме киселото млеко, маслото и млекото.
Промешуваме и во два наврати ги додаваме соединетите суви состојки.
Смесата ја изедначуваме.
Ја ставаме во калап за мафини, од прилика од 16-18 мафини.
Печиме околу 20 минути во загреана рерна на 200 с.
Испечени оставме да се оладат, па ги декорираме со растопено чоколадо и ливчиња бадем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани