Пред да започнам со рецептот најпрво да кажам дека во него се налагаше јајцата рачно да се разбијат и сите состојки да се измешаат. Јас решив јајцата да ги истретирам со миксер, па на крај брашното ми дојде многу.

Значи, за да ги спремите овие вкусни и лични мафинчиња останува на вас да се решите дали редоследно ќе ги работите состојките со миксер или пак со рачна маталка или мешалка, па имајте ја во предвид предложената доза на брашно, иако треба секако смесата да е погуста, полебеста.

Кремвишлите предходно обарете ги, исцедете ги и оставете ги да се подоладат.

Откако ќе ја спремите, од смесата полнете ги калапите за мафини, кои ви препорачувам да ви се силиконски и намастени и во овој случај да ги избегните хартиените корпиња при печњето. Наполните до половина см од врвот додадете ги виршлите исечени на половина и околу по желба украсете со ливчиња магдонос, а кај мене и малку свеж власец има.

Печете ги на 180С околу половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови