Во вангличка го ставаме јајцето, го додаваме шеќерот и матиме до побелување.
со исклучен миксер ги додаваме ванилата, јогуртот, маслото, киселата павлака, просеаните брашно и пециво.
Со жица или со миксер, на најмала брзина ги соединуваме сите состојки.
Ги полниме корпите за мафини до 2/3.
Врз секоја ставаме по 1 лажиче свежи капини
Печиме во загреана рерна на 200 с, околу 20 минути.
Ги оставаме да се изладат 5-10 минути.
Им ја одстрануваме хартијата и ги послужуваме.
По желба може да се наросат со шеќер во прав, да се прелеат со растопено чоколадо.
Како и да ги послужите се многу кревки и вкусни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани