Мафини што брзо се приготвуваат, а и брзо се јадат :))
Јајцето, млекото и маслото се матат со маталка.
Сувите состојки се мешаат на страна и потоа се додаваат во течните состојки. Се меша убаво и се полнат калапите до пола. Јас користев калапи за мафини на делимано и ми излегоа 12 парчиња.
Откога ќе се наполнат до пола се додаваат вишните претходно исчистени од семки и извалкани во брашно за да не пропаднат многу.
Се печат на 200 степени околу 15-20 минути
Се посипуваат со шеќер во прав
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови