Стариот леб е секогаш предизвик како да се искористи. Потпечен во рерна со лукче и кашкавал, тостови, попара, печени лепчиња со путер, буковец и нане, пржени со јајца, идеи безброј. Овој пат решив да се решам со мафини од леб-оти да не.

Можи да користите каков било леб, мојот беше остатоци од бел и интегрален леб, пола пола. Искинете го на мали парчиња и прелејте го со јогуртот и оставете го да впие.
Пригответе го зајрето. Додадете го јајцето, 2 лажици брашно и малку прашок за пециво, додадете масло, сол, јас имав и печен сусам додадов, измешајте се. Ако ви изгледа многу сува смесата, додадете газирана вода (или обична ако немате газирана).
Оваа смеса ми беше доволна за да го наполнам калапот за мафини од 12.
Намрсете го калапот и наполнете ги дупките со смесата. Наросете оригано и сусам и ставете да се печат на 180 степени околу половина час.

После печење, нека оладат 7-8 минути, па вадете ги од калапот. Ќе добиете превкусни мафини кои ќе се топат в уста. Комбинирајте со јогурт или кисело млеко.

Мажот ми изеде 7 мафини и не ни осети дека се правени од леб, откако ги изеде му кажав и мислеше дека го зезам. Е до толку се убави, само што не можат да се кренат и нарастат како мафините од брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови