Најомилен мармалад тоа е мармалад од кајсии. Најубав мармалад се приготвува од стариот вид на кајсии кои немаат жили, доста се сочни и имаат тенка лушпа, имаат посебна арома.

Кајсиите се мијат и се чистат од семките. Вака приготвени се ставаат во тенџере со малку вода и се зовриваат. Потоа се додава шеќерот и се вари на среден оган околу 1.5 - 2 часа додека не почнат да се згуснуваат.

Бојата треба да биде скоро како карамела.
Ако се користи друга врста на кајсии дозата на шеќерот се зголемува бидејки ја немаат блажината на овие кајсии.
Од оваа доза ми испадна 6,5 тегли мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани