Морковите исчистете ги, попрскајте ги со сок од лимон, покријте ги со вода и ставете да зовријат да омекнат.
Процедете ги добро и оставете ги во цедалка околу 15 мин.
Праската и кајсиите исчистете ги добро и исечете ги на мали парчиња.
Посипете ги со шеќерот за желирање и оставете да отстојат додека не бидат готови морковите.
Кога се' е готово, ставете ги заедно во блендер и испасирајте.
Мешајте во сад на оган да зоврие.
шШтом почне да врие, оставете така 4 до 5минути да повари и собирајте во чисти теглички.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови