Лесен, брз и едноставен начин на подготовка на мисиркин стек. Вкусот е неодолив и баш заради тоа во последно време пилешкиот стек го заменив со мисиркин.

1. Стекот се премачкува со сенф и табаско сос. Ако не сакате да ви е луто, тогаш избегнете го табаското.
2. Наросете со зачини и оставете половина час до час да се маринира.
3. Потоа на грил тава ставете да се запржи месото од двете страни на 1-2 мин и потоа додадете 100 мл вода. Оставете на тивко да се крчка стекот.
4. Нека се динста додека да испари водата и да се добие убава коричка на стекот.
5. Декорирајте и комбинирајте со свежа зелена салата и ротквица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови