Доста едноставен начин на подготовка на мисиркин стек, во сочна маринада, која на крај ќе ви служи и како сос за вкусниот ручек.

Се подготвува за 5 мин, се остава да стои 1 час и се пече уште половина.

1. Состојките за маринадата ги мешаме во еден длабок сад. Јас користев огноотпорен сад, доволно голем за две парчиња стек.
Може да се користи било кој од садовите на Делимано, од линијата Стоне Леџенд, за да не ви загорува сосот и да ви остане вкусен ручекот.
2. Стекот се става во маринадата и се остава да стои 1 час.
3. Ја уклучуваме рерната на 200 степени и го ставаме маринираниот мисиркин стек да се пече, околу половина час.
Кога ќе го боцнете месото, треба да е меко, а сосот околу да е згуснат.

Одлично се комбинира со било која летна салата, зелена марула, рендана млада зелка или пак кинеска зелка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови