- Во сад ставете да проврие оцетот, белото вино, од вас изберениот зачин, биберот и солта. Откако ќе проврие ставете ги лукот и нека се вари на тивко околу 7-8 мин.Тргнете настрана.
- Ставете го лукот во теглата, залијте со 2/3 од пресолта, остатокот е маслиновото масло кое ќе го ставите за да се добро залие лукот.
Вака може да стои подолго време, а откако ќе ја отворите теглата мора да го оставите да стои во фрижидер.
Напомена
Јас сум ставала и суво оригано, а многу е вкусно вака и со луто пиперче. Во овој рецепт е пожелно да се користи бел вински оцет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани