1. Пилето се става во еден сад убаво се намачкува со масло, црн бибер и црвен пипер и се остава за 30 минути.
2. По 30 минути му се додава пивото и се остава уште 40-50 минути при што се ротира на секои 10 минути
3. Во мал сад се става путерот 2 прстофати сол и рузмаринот и убаво се измешува.
4. Пилето се вади од маринадата и под кожата се премачкува со путерот со зачини.
5. Пилето се посолува убаво од надвор и од внатре и се поставува на делимано вертикалната скара и се печи додека убаво порумени и е готово.
Јас го гарнирав со печени компири во рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови