Ако имате веке маринирано цвекло тогаш искористете го тоа цвекло заедно со маринадата. Доколку немате тогаш сварете цвекло од кое дел ќе употребите за овој мој предлог и ќе си приготвите убава салатичка, а истовремено сте го решиле проблемот со остаток од варени јајца.

Доколку користите веке маринирано цвекло тогаш ќе мора да внимавате на оцетот бидејки веќе во него има, намалете за некој дел од оцетот. Доколку сепак не ви е кисело ќе можете да додадете наспроти фактот дека не можете да одземете од истиот.
Пишувам како да спремите кога би го вареле цвеклото при самата подготовка.
- Ставете 2-3 добро измиени помали главици цвекло и сварете ги.
- Одземете од сокот на цвеклото кој сте го добиле при варањето и тоа 150 мл. во него додадете ја водата и останатите состојки - оцетот, водата, шеќерот, солта, дозволете да проврие. Намалете ја температурата на огнот и нека вари уште некои 4-5 мин. Ставете да се олади.
- Во тегла на дното ставете прво исечено цвеклото било на кругови било во друга форма (коцки или крупно рендано), врз него јајца, потоа лук, па повторно цвекло, јајца, додадете го биберот, залијте со веке оладената маринада, затворете теглата - одложете во фрижидер. Готови за послужување и подготовка на салата после веќе изминати два дена, а може да слободно одстојат и скоро цел месец.
Напомена
Пред да ги залиете јајцата со маринадата нема да згрешите ако истата ја пробате и сепак зависно од вкусовите можете додатно да додадете сол, шеќер или оцет.
Ако сакате да спремате поголеми количини и да стојат повеке време (можно е тоа) тогаш ќе мора само да ја зголемите количината на оцетот односно односот на водата (не сокот од цвеклото) и оцетот да биде 1 према 1.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани