Многу сочни и вкусни ражничи кои на скара се превкусни, исто така и на грил тава. Ако имате метални стапчиња за ражничи полесно ќе се испечат бидејќи се загрева железото и внатрешно побрзо ќе се испечат, но јас користам обични дрвени.
Се сецка стекот на парчиња. Во поголем сад се мешаат сите состојки освен кромидот, се додава месото, се покрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер да се маринира околу 30- 45 минути.
Откако ќе се извади месото од фрижидер се реди на стапчиња заедно со кромидот. Се пржат на среден оган по 3 минути на секоја од четирите страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови