Овој специфичен рецепт се консумира во Русија и пошироко.
Кај нас многу сакаат да јадат маринирана риба. :)
1. Рибите се чистат, им се отстрануваат главите и се мијат.
2. Потоа се прави маринада - оцетот, превриената изладена вода се мешаат и во нив се додаваат солта, шеќерот, црниот бибер, сенфот, зејтинот и лаворовиот лист.
Сето тоа се промешува за да се растопат шеќерот и солта.
3. Рибата се става во маринадата.
4. Се става во фрижидер да отстои 6-8 часа.
Се сервира со сецканиот кромид.
Премногу вкусно да јаде со варен компир. :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови