Вкусно подогтвена риба со состојки кои што ги имав дома. Преубав ручек, посен и празничен.
1. Исчистените риби ги сечеме на половина по должина.
2. Магдоносот и лукот ситно ги сечкаме. Лимонот го сечеме на кругови.
3. Во длабок сад, ставаме две до три посолени парчиња скуша, над нив малку лук, па магдонос, па налеваме малку од оцетот, па две до три крукчиња лимон.
4. Ова редење го правиме додека да ни се потрошат состојките.
5. На крајот ги налеваме со вода.
6. Садот со маринирана скуша го покриваме со фолија и го ставаме во фрижидер да отстои најмалку 3 часа. Правилно е да отстои преку ноќ во фрижидер.
7. Следниот ден, ставете нелеплива, намаслена тава да се загрее на рингла.
8. Во неа наредете неколку парчиња риба и тавата покријте ја со фолија и намалете ја јачината од 3 на 2 или 1,5 на пример.
9. На рибите им е доволно да се пржат по 3 до 5 минути од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови