Омекнатиот маргарин заедно со шеќерот и ванилата се додаваат во кондензираното млеко и убаво се мешаат.
Се додава 300 гр брашно и пецивото и се се меша со лажица.
Смесата се дели на два еднакви дела, па во едниот се додава 50 гр брашно, а во другиот 30 гр брашно и какаото.
Тестата се виткаат во најлон фолија и се оставаат во фрижидер еден час.

Потоа секое се развлекува во дебелина од 3-4 мм и со помош на калапче се вадат форми кои се редат во плех обложен со пек хартија, со таа разлика што за белото тесто во средината се прави мал отвор, а црните си остануваат цели.

Се печат на 180С 10 минути, односно додека рабовите благо им потемнат.

Чоколадото се топи со маргаринот и во него се додава дулче де лече кремот и убаво се меша. Со овој фил се лепат колачите црно со бело.

• Има разлика дали ќе користите домашно или купено дулче де лече, па во зависност од тоа и цврстината на филот ќе варира, затоа и варира дозата на чоколадото. Па, доколку се случи филот да се здрви додека се филоваат колачите, само кратко околу 30 секунди стоплете го во микробрановата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови