Ова е едно од најпознатите начини за јадење на тофу.
Прво се подготвува црвениот сос. Бидејќи во Кина користат веќе готови сосови од соја зрна, или чили сос со соја зрна, јас решив малку изменета (немав друг избор) варијанта.
За сосот ставив бунгур и соја трошки, кои прво се пропржуваат со сецканото лукче. Се ставаат пиперчињата и младото кромидче (само белиот дел, зелениот за на крај за сервирање). Се пржи околу 5-6 минути.
Густинот кој се раствора во вода се додава потоа.
Потоа се додаваат соја сосот и сусамовото масло.
Потоа коцките тофу се ставаат нежно и се меша со голема лажица, внимавајќи да се распаднат коцките.
Во вок тавата пржите уште 3-4 минути. По желба може уште малку соја сос.

Се сервира со сецкано младо кромидче и свеж коријандер. Јас ставив магдонос.

Ова е веге варијантата. Другата е со мелено месо (свинско или пилешко). Прво се пропржува месото, па се понатаму како во оваа рецепта.

На здравје мапо тофу.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани