Начин на подготовка

Месото го зецкаме на коцки и го зачинуваме со сенф, сол, мешан сув зачин, босилек и оставаме да се маринира.
Зелката ја сецкаме ситно и ја посолуваме.
Морковите ги сечеме на тркалца.
По желба додаваме кромид.

Во тенџере ставаме малку масло и редиме половина зелка, месо, моркови и завршуваме со зелка. Налеваме вода, но не повеќе од висина на мастрафот и ставаме на среден оган да се крчка околу 3 часа. При крајот додаваме една коцка за супа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови