Мајка ми е специјалист за подготовка на тулумби, па така и овој рецепт е препишан од нејзината стара тетратка.

Подготовка
Прво го правиме шербетот за да ни биде ладен.
1. Ставаме водата и шеќерот да ни зовријат и така го вариме 5 минути за да згусне.
2. Го тргаме на страна и додаваме сок од ½ лимон и по желба кришки лимон.
3. За подготовка на тестото ги ставаме маслото и водата да почнат да вријат и ја намалуваме температурата на рингла, па го додаваме брашното. Мешаме за да добиеме хомогено тесто. Го оставаме да се лади додека да стане млако, кратко го умесуваме.
4. Во ова малку тврдо тесто додаваме едно по едно 7 јајца, и смесата ја матиме со миксер, ама ако сакате и ако не ви е тешко, можете и со дрвена лажица.
5. Смесата ја ставаме во шприц и го загреваме маслото. Истискуваме од шприцот со ѕвездест додаток и сечеме со ножици посакувана големина на тулумбите. Ги пржиме до златно жолта боја.
6. Како ги вадиме од маслото во кое се пржеле, така ги ставаме во ладниот шербет. Оставаме да стојат во шербетот околу 2-4 минути, па ги вадиме.

Забелешка
Има една финта за да видите дали тестото е добро соединето и дали густината му е погодена, што зависи од големината на јајцата. Значи откако тестото сте го подготвиле земете лажица и црпнете, ако ја превртите лажицата и смесата не паѓа од неа, тестото е добро. Од големината на јајцата зависи дали ќе ставите јајце помалку или повеќе.
Регулирајте ја ринглата која го загрева маслото, за да не ви изгорат тулумбите, таа не треба да биде на најсилната температура за да тулумбите ја добијат посакуваната златно – жолта боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани