Го направив ваков по предлог на мојата комшивка, која ми тврдеше дека полесно се приготвува и дека таа после ова конечно се разјала сутлијаш иако предходно не го љубела. Веројатно разликата е во тоа што овде зрната повеќе доаѓаат до израз, бидејќи ги двои маслото, кое пак во конечниот исход воошто немате поим дека го има во составот. Сепак се работи за вкусови. Јас моите не успеав да ги натерам да пробаат за евентуално да ги разјадам. Чудо едно е како цел живот не каснале Сутлијаш!

Ставете ги сите состојки освен оризот во тенџере и оставете да зовријат. Потоа додадете го оризот, измешајте, ставете на средна температура и помалку и оставете да се вари.
Кога сме кај варењето, ако работите во обично тенџере, првите 10на мин. отприлика и не мора да сте над него и да мешате, потоа ќе мешате. Но, во овој случај можи да се искористи полесен начин и една брза финтица со експрес лонец. Ако го правите во таков, откако ќе го додадете оризот, го затворате и го оставате 5 минути да врие, па потоа го отворате и доколку има потреба за уште малку доварувате со мешање.

Варениот Сутлијаш се тура во помали длабоки чинивчиња, предходно исплакнати со ладна вода. Одозгора се наросува цимет и некое овошје по желба, кое исто така можи да се вметни и во самиот Сутлијаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови