Изматете го путерот со шеќерот. Додадете ги јајцата едно по едно, матејќи го секое барем по 1 минута. Додадете го екстрактот и ванила шеќерот, па потоа брашното и какаото. Измиксирајте, па додадете ја на крај солта и повторно измиксирајте.

Намастете калап (мојот беше 20х30) и истурете ја браунис смесата.

Измиксирајте ги прво маскарпонето, киселата павлака и шеќерот, па на ист принцип како за браунисот додадете ги јајцата, па екстрактот од ванила и на крај брашното.
Последно ставете ги малините и кратко со лажица измешајте ги, да не е рамномерно и да останат и парчиња. Јас имав и боровинки, па додадов еден грст од нив исто така.
Премачкајте ја чизкејк смесата врз браунис и ставете да се печи на 180 степени околу 45 минути.

Декорирајте одозгора со дробени смрзнати малини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани