Колачов е значи комплетно задоволство, сладок фил помеѓу бисквитите, освежителен, декоративен фил од малини, лесна и брза подготовка. Повелете рецепт кој повторно ја има мојата омилена боја, а и фантастичен вкус...

Подготовка
1. Го ставаме кондензираното млеко и путерот на средна температура да се загреат. Го ставаме и чоколадото, па постепено со мешање околу 7-8 минути, ја вриеме смесата на тивко да ни се згусне, ама не премногу. Кога ќе почне да прави пат на дното веќе е готово. Ставаме ванила екстракт и промешуваме. Додека е топол филуваме.
2. Редиме бисквити во еден ред во тавче 24х20. Ставаме фил, нежно размачкуваме бидејќи е густ, повторно бисквити, фил и на крај пак бисквити.
3. Желатинот го раствораме во 2-3 лажици вода.
4. Малините заедно со шеќерот и малку млеко ги вариме кратко да ни згуснат. Го додаваме останатото млеко од кое сепак сме одвоиле мал дел за да го раствориме пудингот во него. Кога смесата ќе почне да врие го додаваме растворениот пудинг и мешаме до згуснување.
5. Го тргаме на страна и го додаваме растопениот желатин, кој сме го ставиле на ниска температура на рингла да ни се растопи. Ја оставаме смесата малку да олади и да се згусне и потоа го прелеваме колачот со овој малина фил.
Оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.

Забелешка
Моја препорака е да после последниот ред бисквити веднаш го ставите филот од малини. Јас имав ставено од белиот фил и на последниот ред бисквити па кога го сечев колачот ми беше потечен во однос на останатиот дел(тоа дека сакам совршени десерти, затоа ви го пишувам ова)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани