Брзински ручек, а многу вкусен.
Најпрво стекот го секцаме на ситени коцки и го ставаме да се вари во вода во која сме ставиле малку сол.
Ги вариме и макароните според упатството.
Одкако стекот ќе биде варен, го ситниме на ситни парчиња и го додадаваме во крем супата од печурки. Доколку крем супата се раствора во 1000мл вода, за сос растворете ја во 700мл ладна вода и кога ќе проврие додајте го месото. Варете на тивко уште 10-тина мунути.
Може да додадете малку лук во прав.
Може да ги измешате макароните во сосот или секој да си ја стави посакуваната количина сос врз нив.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови