Предлог за многу вкусен и брз ручек.

Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ги додаваме макароните да се варат.
Во друга тава налеваме маслиново масло да се загрее.
Ги додаваме листовите свежи шампињони да се пржат, на малку појак оган, да не бидат какао варени во сопствената течност.
Додаваме сол и бибер.
Го намалуваме огнот и го додаваме пестото од фстаци.
Тука го додаваме и бри сирењето.
Тука ставаме и една кутлача од течноста каде се вареа макароните, односно тоа е со цел да се исчисти дното на тавата во кој има запечено прекрасни вкусови.
Тука ја додаваме процедената тестенина и готвиме заедно околу 1 минута.
Сервираме во длабока чинија.
Додаваме малку свежина со шери домати, краставичка, парченца бри сирење, маслинки...
По желба наросуваме пармезан, мешавина на италијански зачини, сос од домати....
Уживаме со чаша бело вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани