Макароните вака приготвени се одличен оброк во секое време.
Голем љубител сум на тестенини и секогаш нешто експериментирам, па така дојдов и до оваа комбинација.

Додека макароните ги вариме со сол и малку масло, во подлабоко тенџерче го спремаме сосот. Ситно сечканите морков и кромид ги пржиме со масло додека да омекнат. Ги додаваме сечканите пиперка, тиквичка и печурките. Обично ставам свежи, овој пат имав маринирани и нив ги искористив. Додаваме 1 мала лажичка мешан сув зачин, малку сол и црн бибер. Кога зеленчукот и печурките убаво ќе омекнат додаваме сос од домати. Користам домашно приготвен сос од домати, кој претходно го имам објавено. Откако го додаваме сосот, готвиме уште 5-6 минути.

Макароните ги цедиме, ги сервираме во голема чинија и ги прелеваме со сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови