За љубителите на убави традиционални стари македонски рецепти еве еден од мене. Поздрав до мојата комшивка баба Рада...
Модриот патлиџан, зелените патлиџани и пиперот ги печеме на умерена температура околу 200степени половина час. Ги ставаме во пластично ќесе да се поизладат, лупиме и во земјена тава со толчник го толчиме лукот и солта. Потоа ги толчиме модриот патлиџан, пиперките и патлиџанот. Попаруваме со врел зејтин, додаваме сол, бибер, оцет и магданос па промешуваме на крај ги додаваме сецканите ореви.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани