Исчистениот лук го ставаме во толчник.
Додаваме сол и почнуваме со толчење.
При толчењето постепено го додаваме маслото, при што правиме кружни движења во аванот-како да триеме. На тој начин лукот станува кремаст. По своја проценка, масло може да додаме и повеќе, треба да добиеме кремаста структура.
Потоа ја додаваме киселата павлака и убаво изедначуваме.
Додаваме киселина и вода.
Колку вода ќе додадеме зависи од тоа колку сакаме да биде лукот јак на вкус.
На крај ги додаваме лутите пиперчиња и по желба сецкан свеж магдонос.
Одлично за со скара.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани