Сварете го гравот заедно со пиперките. Исцедете го, но зачувајте малку од водата.
Исчистете ги пиперките од лушпите.
Во аван ставете го лукот, посолете и истолчете го.
Во него ставете ги пиперките и продолжете со толчење.
На крајот ставете го и гравот и продолжете со толчење, триење се додека не се добие убава, компактна смеса.
Маслото сврелете го и прелијте го врз макалото. Измешајте убаво и навалете со макање. Препорачливо е убаво домашно лепче и парче сирење, хаха. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови