Ова макало првпат го пробав кај мојата сестра и ме воодушеви. Мислам дека јас го изедов повеќе од половина самата. Одлично оди со топло лепче и со скара.
За подготовка ќе ви требаат суви пиперки, јас користев мали лути суви пиперчиња, но можи да користите какви што имате, а и со везени би било одлично.

Подготовка

Прво се потпекуваат пиперките на рингла, па се сецкаат најситно што можи заедно со семките.
Се попаруваат со врелата вода и се остава да се олади.
Откако ќе се олади, се додава иситнетиот лук, сол, масло и киселина по неколку лажици. По желба може да се додадат ореви или магдонос.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови