Од секогаш мислев дека за да направам убаво макало треба да се отепам од толчење лук со толчник, имам и посебен сад за таа намена.
Вчера немав време за губење бидејки требаше да излегувам, син ми ми ги излупи чешнињата со лук и морав набрзина да импровизирам со макалото. Така, го ставив лукот во Нутрибулет, додадов масло од око околу 100 мл и го пуштив да се миксира колку што можи да се исситни.
Потоа додадов млака вода и повторно го вклучив да се миксира. Е сега веќе добив бела и изедначена смеса. Дотурив ладна вода, 1 лажица оцет и сол, го претурив во тегла и заминав.
Ова беше најубавото макало кое дома сум го направила, а изгубив само неколку минути време.

По желба можи да го направите погусто или поретко, густината ќе си ја регулирате со количината на вода.

Во самото макало можи да додадете магдонос свеж или сув, лути пиперчиња итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови