Еве едно старо македонско макало за љубителите на лути јадења.
Кромидот се лупи, се сече на групни парчиња и се става во вода да се вари. Пиперките се мијат, се додаваат во кромидот малку поткршени. Ставете капак да зоврие водата побргу. Вријат некаде околу 40-60 мин. Кога се убаво сварени, тргнете на страна. (Не ја фрлајте водата)
Лукот се толчи со сол, пиперките се лупат (внимавајте ако се многу лути пиперките, може рацете подоцна да ви лутат, изгребете со лажица најдобро.)
Излупени се толчат, па на крај кромидот исто се толчи.
Јас си терав вака старински со толчење. Може и во блендер (ама може да остане лут вкус затоа..).
На крај кога сите состојки се истолчени, се ставаат во тенџере пак, се додава од водата во која се вареа кромидот и пиперките и кратко се доварува и се додава сол по вкус, мешан зачин и неколку капки масло.
Макалото е готово, смесата е хомогена. Може да се додаде и оцет на крај.
Мене не ми се погодија сите лути пиперки и беше само пикантно.

Направете си домашно лепче за поголемо уживање.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови