Лесно, киселкасто и вкусно макало. Можеби чудно, дека е мрсна варијанта, но верувајте, предобро се вклопи со пржената риба.
Најпрво, ситно се сецкаат лукчето и магдоносот. Во нив се додаваат, павлаката, маслото, мајонезот и лимонот. Се добро се меша, па се посолува по вкус и се наросува со мелен црн бибер. Се остава макалото да отстои во фрижидер, во времетраење колку што е потребно за да се приготви рибата.
Можете состојките и да ги изблендирате, па целото да се направи во еднолична смеса. Пржената риба, се мацка во макалато.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови