Феферонките измијте ги и извадете им ги рачките.
Јас не ги вадам, само им ги кратам.
Наредете ги во тегли исправени, полијте ги со пресолта која ја приготвувате на следниот начин.
Водата, оцетот, солта и биберот ги ставаме на оган да зовријат.
Веднаш тргаме на страна и чекаме да излади.
Така ладна ја дополнуваме во теглите со пиперчињата.
Затвараме убаво и редиме на сталажите за зимница.
Овие пиперчиња се омилени на моите дома, па не можеме да ја замислиме зимата без нив.
Одличен додаток на питите пастрмајлии и на секое домашно месенко.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови