Се вика лутеница од морков. Излегуваат 4 големи тегли.
Нешто слично како салата од морков зачинета со лута пиперка.
Ја најдов како видео на нет, ми се допадна како изгледаше и ја пробав.
Постапката ќе ја објаснам, а на крај имам еден заклучок.
Потребни се 400 гр пиперки.

Лутите пиперчиња се мијат и се сецкаат на ситно.
Се пржат во 200мл масло додека не омекнат.
Морковите се мијат се лупат и се насецкуваат на тркалца.
Садот во кој ќе се зовријат морковите го полниме со вода, само колку да ги покрие.
Еднаш зоврива водата и одма се тргаат од оган. Се цедат и се мешаат со пржените чушки. Една китка целер, се мие и се сецка на средни парчиња.
Лукот исто така се изработува и се сецка на мали делови. Лукот беше пишан дека се става пола главица, но јас би ви препорачала да ставите колку вие мислите. Секој различно го обожава лукот.
Во друг сад на оган ставаме 500мл оцет, 2 лажици јадра сол и 2 лажици шеќер.
Се зоврива смесата и се полева морковот. Благо се промешува и се полнат претходно добро измиените тегли.
Јас полнев во малечки тегли и искрено по практични ми се.
Рерната ја вклучуваме на 90 степени и оставаме тегличките да постојат 40 минути. Исклучуваме рерната и оставаме внатре да истинат теглите.
Јас од некоја навика ги превртувам од опаку теглите од сите зимници. Така и со оваа моја зимница. Ја наредив лутенката од моркови, а од новата тура отворив тегленце и навистина е добра.

Забелешка
Како што наведов горе, имам забелешка за ова. Јас мешав чили со обични пиперчиња оти ние сакаме лутко повеќе.
Ова лутеница од морков, многу добро ја комбинирам со варен компир, сарбош салата што би ја нарекол мажот ми.
Пробајте, нема да згрешите.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови