Уште едно летно „танго“, освежителен пијалок со прекрасен вкус во кој се надевам дека ќе уживате исто како и јас.

Според мене најдобро е пред да се приготви овој пијалок овошјето убаво да се излади за да можи веднаш да се конзумира. Доколку пак се искористи неизладено, тогаш пијалокот можи да го ставите во фрижидер некое време пред да уживате во него. И секако, во било кој начин ако се има при рака коцки мраз, слободно!

Исчистената лубеница и манго се ставаат во блендер заедно со сите други состојки и се миксираат. Толку!
Изберете си чаши во кои ќе сервирате и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани