За да се направи локум, треба време и многу мешање над тенџерето. Ова е рецепт за инстантен локум спремен во микробранова за 20 минути, без мака, без мешање.
Се добива емитација на вистински локум приготвен во домашни услови. Пробајте, верувам дека и вас ќе ве воодушеви како нас.

Во подлабок сад се става шеќерот, водата и желатинот и убаво се меша.
Се става во микробранова 7 минути на најсилно.
Се вади, се промешува и повторно се враќа 7 минути.

Шеќерот во прав се меша со нишестето, се просејува и се додава во садот.
Се меша убаво да нема грутчиња и се враќа во микробарновата уште 6 минути.

Потоа се додава ружината вода и бојата, се меша и се истура во калап 20х20 или малку помал претходно намастен со масло.

Се остава 15на минути да подолади и потоа се става во фрижидер неколку часа.

Се вади од калапот и се сечи на коцки кои се валкаат во шеќер во прав измешан со нишесте.

*Бидејќи не секој има можност да набави ружина вода, која го дава автентичниот вкус на ружа локум со црвена боја, во замена можи да ставите ванила арома, а тогаш кој има желба можи да додаде и кршени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани