Испровоцирана од сугестијата на најстариот син дека некоја пекара низ градов правела многу добри лиснати ѓевреци со сланина, решив со мојата умешност и искуство во готвењето да направам домашен рецепт за нив. И бидна. И добија одлични комплименти, па повелете рецепт.

Подготовка
1. Го замесуваме тестото од сите наведени состојки. Го делиме на 6 топчиња кои ги оставаме 10 минути покриени со крпа.
2. Го расукуваме првото топче тенко, па врз него рендаме путер, со секое наредно ја повторуваме постапката,ги редиме едно врз друго, а на последното не ставаме путер.
3. Потоа од нив расукуваме поголема кора врз која на едната половина рендаме путер. Путерот треба да ни стаса за цела постапка, па најдобро е да го поделиме на 6 дела уште на почетокот.
4. Ја преклопуваме кората и пак ја расукуваме. На едната половина ги редиме парчињата сланина и ја преклопуваме со другата половина. Расукуваме повторно кора со дебелина од 0,8 - 1 см, а може и потенко.
5. Сечеме ленти со ширина од 2-2,5 см, кои ги увртуваме и спојуваме да добијат форма на ѓевречиња. Ги редиме во тавче.
6. Откако ќе ги направиме сите, ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200 степени.
7. Ѓевречињата ги премачкуваме со жолчка и ги наросуваме со сусам.
8. Ги печеме до поцрвенување.

Забелешка
Сланината е најубава ако е чадена и тенко насечкана, па може и малку повеќе да ставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани