Активирајте го квасецот во малку топло млеко заедно со шеќерот и 1 лажица брашно.
Додајте го преостанатото млеко, јајцата, маслото и солта и постепено додавајте брашно. Може да влези и малку повеќе од 1 кг, ама тестото треба да е средно јако.
Оставете го половина час да одмори.
Поделете го на 20 топчиња.
Секое топче расучете го во големина на мало тањирче и премачкајте го со малку маргарин. Повторете ја постапката и со другото тесто и редете ги едно над друго. Последното не го премачкувајте.
Ставете ги наредените корички на набрашнета површина и на почеток малку со рацете сплескајте ги, а потоа со сукало исучете голема кора.
Со помала чаша исечете кругови, а на половината од нив со уште помала исечете дел од средината. (види слика)
На плех со хартија ставете ги поголемите крукчиња, премачкајте ги со јајце и врз нив ставете венче, па и него премачкајте го со јајцето. Наросете со сусам. Во длабнатината ставете по едно лажиче фил- јас измешав 2 јајца со сирење, а вие можете по ваша желба.
Малите крукчиња испечете ги, ќе добиете убави грицки.
Преостанатото тесто премесете го и расучете го, исечете го на ленти и испечете го.
Печете во загреана рерна на 200 степени 20- 30 мин.
Рецептот е позајмен од Лана, Мињон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови