Се замесува средно меко тесто од наведените состојки, со претходно активираниот квасец.
Тестото веднаш се работи на намрсена подлога со намрсени раце.
Се дели на 4 дела.
Од секој дел се вадат по 5 топчиња.
Секое топче се расукува колку кафена тацна и се премачкува со маргарин. Исто и тој си го делиме на 4 дела, плус делот за тавите.
Се редат 5-те корички една врз друга.
Се изработуваат 4-те дела.
Потоа се развива округла кора, се сечи на 16 и се става фил.
Се ролаат, се премачкуваат со благо разматена белка и се росат со сусам.
Се киснат 20-30 мин..
Се печат во загреана рерна 20 мин. на 200 степени.
Нежно со четче се премачкуваат со водичка и се задушуваат.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани