Купив поголемо количество на кори за баклава, па со дел од нив им направив сладок појадок на домашните. Толку убави комплименти си добив, што сум баш среќна дека ќе го споделам рецептов тука. Мармаладот од кајсии мене ми е посебен, красит, сладок, а и миризлив, а пак во ваква комбинација буди посебни чувства.

Подготовка
1. Ги мелеме јаткастите плодови. Ги соединуваме со мармаладот во кој сме го измешале ванилиниот шеќер.
2. Рерната ја вклучуваме на 200 степени да ни се загрее.
3. Путерот го растопуваме и во него го ставаме маслото. Секоја кора ја попрскуваме со маслата и потоа со шеќер.
4. Ја превиткуваме од едната страна па од другата страна, така да на 1/3 од кората ставаме една лажица од филот. Ја преклопуваме кората во форма на триаголник.
5. Ги редиме во тавче сите подготвени триаголници. Со силиконска четка ги премачкуваме со остатокот од путерот со маслото и ги посипуваме со кафеав шеќер.
6. Ги печеме до заруменување во загреаната рерна.

Забелешка
Кога ќе го подготвувате филот треба да ви е густ, ако ви е премногу течен додадете уште ореви или бадеми, а може и мелени бисквити.
Користете бадеми по вкус и свој избор. Можете ако сакате да користите бадеми без лушпа, бадем во листови, непечени или печени бадеми....Ја ставив пола од пишаната доза лупени и пола непечени бадеми.
По желба може да ги посипете и со шеќер во прав.
Во пакувањето имаше 10 кори, толку и триаголници направив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани