Прво во 150 милилитри вода го ставаме квасецот и 1 лажичка шеќер. Откако ќе се активира квасецот се додава кон останатите состојки за тестото. Се замесува тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса тестото, се дели на два дела. Од секој дел се расукува кора отприлика со 35-40 см.дијаметар. Се премачкува со половина маргарин, се засекува на 6 места и се прави катмер. Истото се прави и со другата половина од тестото.
Од пек-хартијата се крои круг колку што е основата на плехот(бр.30 ). Се расукува кора од едниот катмер колку што е основата на плехот и се става врз хартијата(надвор од плехот). Врз кората се ренда 150 гр.сирење. Се расукува кора и од вториот катмер и се става врз првата. На средина се става чаша и до неа се засекуваат 16 краци. Секои два крака се замотуваат двапати навнатре и се спојуваат. Погачата се префрла во плехот. Се премачкува со жолчка. На средината во кругот каде што стоеше чашата се става лен, а насекаде се поросува сусам. Се остава да одмори погачата околу десетина минути. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови