Напрво ја припремаме подлогата. Бисквитите ги мелeме, а на лимонот ја рендаме кората, го цедиме, па ги мешаме заедно со растопениот путер. Смесата треба да изгледа како воден песок. Ако има потреба додадете уште некоја лажица путер.
Смесата ја натапкуваме во калап бр. 26 со обрач кој се вади, и со помош на чаша, со дното, притискаме за убаво да се распореди смесата и да се стегне. Го ставаме во фрижидер додека го спремаме кремот.
Маскарпонето го матиме со шеќерот во прав, а посебно слатката павлака. Желатинот го раствораме во 5 лажици вода, и чекаме на набубри, па го растопуваме на тивок оган.
Соединуваме маскарпонето, со слатката павлака, сок и кора од еден лимон, и во тенок млаз го додаваме расворениот желатин, матејќи, да се соедини убаво.
Ја ставаме смесата во калапот и оставаме неколку часа да се стегне, најдобро преку ноќ.
Одозгора може да декорирате со кругови лимон.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови