За полнење на овие мафини искористен е лимон кремот кој претходно е објавен и го имате на следниот линк.

1. Мафините се подготвуваат многу едноставно и не ви е потребен миксер. Посебно се мешаат сувите, а посебно течните состојки. Се додаваат течните кон сувите состојки и се меша со жица за мешање само колку да се измешаат.
2. Со смесата се полнат хартиените корпи поставени во калапот за мафини. Во зависност од тоа колку ќе ги наполните, од оваа смеса излегуваат околу 14-16 мафини. Се печат 20 мин. на 180Ц.
3. Кога убаво ќе се оладат им се вади средината и се полни со кремата од лимон.
4. Одозгора се филува со ванила кремот и се украсува по желба.
5. За кремот од ванила, пудинзите и шеќерот се варат со млекото додека да се згуснат. Се трга од оган, се додава чоколадата и се остава кремот да се олади. Од време на време се промешува за да не фати кора.
6. Во оладениот крем се додава изматениот путер и крем сирењето.
*шолјата е од 240 мл.
*украсувањето е со пеперутки од бело чоколадо

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани