Вака подготвената лимонада е преубав напиток во летните горештини.
Јас додавам и неколку лимони за поосвежителен вкус.
Сварете го чајот од липа и оставете да излади.
(јас гледам да ми остане 1 литар течност)
Кога е изладен чајот, додајте го сокот од цедената лимета и потрокалот.
Јас го додавам и сокот од лимон сега. Промешувам добро додавајќи го медот.
Можете да засладите и со агаве сирупот.
Ставете нека се излади и служете.
Веќе имате подготвено многу освежителен летен напиток, пред се здрав.
Можете да служите со коцки мраз или едноставно без ништо.
На здравје!

Забелешка
За возрасните,ова е добра основа за еден убав коктел,додавајќи џин или некој вид на ликер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови